УХМР: Времето денес променливо облачно со сончеви периоди

- Македонија
621

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-5 Крушево, -4 Маврово, Лазарополе, -1 Претор, Тетово, Пожаране, Тополчани, Ѓуриште, 0 Берово, Прилеп, Охрид, Дебар, Кр. Паланка, 1 Куманово, 2 Штип, Виница, Струмица, 3 Скопје Петровец, Скопје Зајчев Рид , 4 Д. Капија, Дојран, 6 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

0 Пожаране, Штип, Скопје, Гевгелија, Д. Капија, Виница, Струмица, Тетово, Ѓуриште, 1 Тополчани, 2 Маврово, Прилеп, Берово, Претор, 4 Кр. Паланка, 5 Лазарополе, 6 Крушево, 8 Охрид, Дебар.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта и утринава под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север во поголемиот дел од земјава предизвика облачно време, во западните и северните делови со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежи од снег имаше и во места со 800 метри надморска висина и е формирана помала снежна покривка. Утринава во југоисточните делови е умерено облачно со сончеви периоди. Дува умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 5 до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. И утре ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе се движат во интервалот од -3 до 4, а дневните од 7 до 15 степени.

Facebook Коментари