УХМР: Времето денес променливо облачно со услови за локален слаб дожд

- Македонија
677

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно со локален  дожд, а во Маврово и Крушево има врнежи од снег.  Дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец..

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Променливо облачно со услови за локален слаб дожд, а на планините со локален снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Максималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, на планините со повремен локален снег. Ќе дува умерен северен ветер. Од понеделник се очекува стабилно време, а ќе продолжи да дува умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни.

Извор: УХМР

Facebook Коментари