МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта и утринава во поголемиот дел од земјава преовладува облачно време, во западните и северните делови поврнува локален од дожд, а на планините и на некои повисоки места со проврува слаб. Дуваше и сеуште дува умерен до засилен ветер од северен правец. Особено поизразен е долж Повардарието и во источните делови на земјава, каде наместа достигнуваше брзина до околу 60 км/час.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со услови за проврнување на повремен слаб дожд, на планините и на некои повисоки места со слаб снег.
Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието и во источните делови на земјава, каде наместа достигнува брзина околу 60 км/час.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време. Ќе има услови за слабо проврнување на локален дожд, а на планините со слаб снег. Ќе има и сончеви периоди. В черврток и в петок ќе дува умерен повремено силен северен ветер особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава.
За викендот ќе има намалување на облачноста и на брзината на ветерот а температурата ќе биде во покачување, односно се очекува затоплување.
Facebook Коментари