МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта времето беше ведро и студено со слаб ветер од северозападен правец. Утринава во земјава преовладува сончево и студено време, речиси насекаде утринските температури се негативни, само во Гевгелискиот регион е измерена позитивна температура. Дува слаб ветер од северозападен правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала облачност и слаб до умерен западен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната седмица ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Под влијание на топла воздушна маса температурите ќе бидат во пораст. Извесна промена на времето се очекува за време на престојниот викенд со повремени локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура, особено во сабота.
Извор: УХМР
Facebook Коментари