МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Врнежите престанаа во првата половина од ноќта, утрово слаб снег провејува само во Маврови Анови. Појава на магла има во Дебар, а слаба магла во делови од Скопската Котлина. Долж Повардарието е претежно ведро, во западните и крајните источни делови е умерено до значително облачно. На места дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До крајот на работната недела ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринските температури утре ќе бидат најниски и ќе се движат од -6 до 2 степена, а потоа под влијание на топла воздушна маса ќе бидат во покачување, а исто така и дневните, кои во петок ќе се движат од 12 до 18 степени.
Facebook Коментари