УХМР: Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен повремено засилен северен ветер

- Македонија
807

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава преовладуваше ведро и посвежо време, а во северните и западните делови имаше на повеќе места умерена облачност. Утринава во земјава времето е сончево со мала до умерена облачност, а во северните и источните делови има локално зголемена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер, особено на повисоките места и планините.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен северен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 10 до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен  југозападен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната работна седмица и ќе се движат во интервалот од 14 до 22 степени.

Facebook Коментари