УХМР: Времето денес сончево и топло

- Македонија
612

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во поголем дел од земјава е облачно, освен во североисточниот дел  каде е умерено облачно.  Во Гевгелија и Струмица има ретка магла

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и потопло време. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дув умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа до крајот на неделата се очекува стабилно и потопло врене.

Facebook Коментари