УХМР: Времето денес сончево и топло

- Македонија
865

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Сончево и топло со надпросечни температури за овој период од годината. Во текот на денот ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи  од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температура благо ќе опадне. На места ќе има и услови за ретки грмежи. Од понеделник поради спуштање на постуден воздух, температурите  позначително ќе опаднат.

Извор: УХМР

Facebook Коментари