УХМР: Времето денес сончево со умерена облачност

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во поголем дел од земјава е сончево со умерена облачност. Зголемена облачност има во југозападните подрачја. На места дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а во источните делови умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 9 до 16 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Преодно зголемување на облачноста ќе има утре и во недела, кога ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките планини слаб снег. Утринските температури на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела.

