МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта во земјава преовладуваше умерено до значително облачно време. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Утринава има делумно намалување на облачноста и преовладува ведро време со мала до умерена облачност а во западните делови сеуште има зголемена облачност, на некои повисоки места и планините има врнежи од снег со слаб интензитет. Дува слаб ветер од северен и североисточен правец и повеќе е изразен на повисоките места.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец.Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Облачно и студено со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.Ќе дува слаб а во западните делови повремено умерен источен ветер.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од утре нашето подрачје постојано ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од средината на работната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.
Facebook Коментари