УХМР: Времето утре облачно со врнежи од снег

- Македонија
872

vrne sneg

МОМЕНТАЛНА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА

Облачно со локални врнежи од снег, а на југоисток со врнежи од дожд. На места во западните и јужните делови врнежите се со умерен интензитет. На североистокот од земјава дува умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА

Облачно со повремени врнежи од снег, а на југоисток со повремени врнежи од дожд и снег.  Врнежите повремено ќе бидат со умерен интензитет, а најмногу врнежи во ноќните часови се очекуваат на југоистокот од земјава. Ќе дува слаб, а на североисток повремено умерен ветер од североисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Т-мин. од -5 до 1, а т-макс. од -2 до 4 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови. Од врнежите што се очекуваат утре и во четврток снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег.

Извор: УХМР

Facebook Коментари