УХМР: Врнежите од снег ќе бидат од обилен карактер

- Македонија
847

Од УХМР информираат дека не’ очекуваат обилни врнежи од снег.

-Наместа врнежите ќе имаат обилен карактер и ќе се формира снежна покривка, во пониските делови од 10-20см, а на планините над 50см. Во југоисточните делови врнежите ќе имаат пороен карактер, локално ќе наврне над 40л/м2. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Од УХМР за утре најавуваат слаби врнежи од снег, а наместа ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Извор: УХМР

фото: УХМР

Facebook Коментари