Лев банер Десен банер

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата додека траат препораките од Владата за корона вирусот

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.

Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот.

Strugaonline

error: