Укинат е посебниот режим на движење за пензионери и малолетни лица

- Македонија
760

Лицата постари од 67 години и помлади од 18 години од денеска ќе можат да се движат надвор како и сите останати граѓани, од 05:00 до 19:00 часот.

Уставниот суд  донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката за посебен режим за движење на младите до 18 и на граѓаните над 67 години.

Досега повозрасните лица можеа да излегуваат само во периодот од 05:00 до 12:00 часот, а лицата помлади од 18:00 години од 13:00 до 19:00 часот.

Целта на оваа владина одлука беше  да се раздвојат овие две групи граѓани.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари