Утре делумен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

- Македонија
538

Поради изведување градежни работи (минирање) на патниот правец Охрид-Кичево, на делницата од „Пресека“ до село Врбјани, утре, 24-ти ноември, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, информираат од АМСМ.

Oд авто-мото сојузот додаваат дека сообраќајот на овој патен правец ќе биде во прекин во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути.

Strugaonline

Facebook Коментари