Лев банер Десен банер

Утре нестабилно време со дожд и грмежи

Од УХМР најавуваат дека утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.

Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец. Врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа) во вторник во југоисточните делови.

Извор: УХМР фото: архива

StrugaOnline

error: