Лев банер Десен банер

Вчера од Нова Градишка започна 17. ултрамаратон во чест на Тоше Проески

Во Нова Градишка, Хрватска, со полагање цвеќе на споменикот на Тоше Проески пред Електротехничката школа, од страна на 13 ултрамаратонци од Македонија, започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески.

Претходно, во саботата, на 12 октомври, традиционално, како и секоја година цвеќе положија делегација од Крушево, родниот град на Тоше, предводена од градоначалникот Том Христовски и претставници на градот Нова Градишка – градоначалникот Винко Гргиќ и заменик градоначалникот Борислав Видошиќ.

Во 16:30 часот 13-те ултрамаратонци положија свежи цвеќиња на спомен-обележјето посветено на Тоше во Нова Градишка, а од 17 часот започнаа годинешниов Ултрамаратон.

Цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува денес околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Денес околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп за на 16 октомври, в среда напладне да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

StrugaOnline

error: