Тамара Тодевска вечерва ќе ја претставува нашата земја на 64-от Евросонг што се одржува во Тел Авив, Израел.
Со евровизиската „Proud“ Tамара настапува во втората полуфинална вечер под реден број 17.
Автори на песната се Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Спотот е во режија на Чедо Поповски.
Овогодинешната Евровизија се одржува под мотото „Осмели се да сонуваш“, а Тамара со „Proud“ испраќа силна порака.
„На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека „Јас сум горда!“ е секогаш посилно од „Никогаш нема да бидеш доволно добра.“ вели Тамара која песната ја посвети на својата ќерка Хана.
На големата сцена во Тел Авив Тамара настапува со придружните вокали Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.
За Тамара ова е четврти пат како учествува на Евровизија, а првпат е како солист. Вечерва ќе носи креација на Александар Ношпал
Strugaonline
Facebook Коментари