„Види ја ти неа“ прогласен за најдобар интернационален игран филм на Санденс Филм Фестивал

- Македонија
1152

Краткометражниот „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столeвски е добитник на Наградата за најдобар интернационален игран филм на 34. Санденс Филм Фестивал.

„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.
Горан Столевски е млад режисер роден во Македонија, а има дипломирано на Универзитетот во Мелбурн а дипломирал филмска и телевизиска режија на Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Живее и работи на релација Австралија- Велика Британија. Досега има реализирано повеќе од дваесет кратки филмови, прикажани и наградувани на повеќе интернационални фестивали.
Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ. Горан Столевски се потпишува и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска.
Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски. Филмот е во продукција на Црна мачка продукција, копродукција со Скопје филм студио, а финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари