Викендов нови цени на 2.500 производи, стартува Законот за нефер трговски практики

Викендов на сила треба да стапи законот за нефер трговски практики, а со него опфатени се околу 2.500 производи на кои профитната маржа не смее да им биде поголема од 10 отсто. Со негова примена, според очекувањата, трајно треба да се стави ред во хаосот со цените.
Контролата за тоа дали се применува од страна на трговците ќе ја спроведува комисијата за заштита на конкуренцијата.
Бруто профитната маржа ќе биде ограничена до 10% на 73 производи во есенската кошница до крајот на октомври.
StrugaOnline

