Влада на РСМ: Денеска со два лета од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани 

- Македонија
599

Владата на Република Северна Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел. -информираат од Владата на РСМ

„За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.“ – стои во владиното соопштение.

Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.
Strugaonline

Facebook Коментари