Владата денеска ќе расправа за изградбата на патните правци Охрид-Пештани и Требеништа-Струга

- Македонија
999

Владата на Република Македонија денеска ќе ја  одржи  својата редовна 34 седница на која е предвидено  да се разгледаат повеќе предлози.

Meѓу другото, на дневен ред ќе се најде информацијата за пренамена на средства од проектот за национални патишта, 2. фаза, за изградба на патните правци Охрид-Пештани и Требеништа-Струга.

Според првичните најави, вредноста на изградбата на експресниот патен правец Охрид-Пештани, во должина од 14,5 километри, изнесува 52 милиони евра. Проектот требаше да започне со изведба во првата половина на 2016-та година.

Strugaonline

Facebook Коментари