Владата денеска ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со вирусот Ковид-19

- Македонија
443

Mинистерот за здравство Венко Филипче денеска на седница на влада ќе предложи сет мерки за заштита од вирусот ковид 19.-Сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, забрана на јавни настани и препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес -вклучува овој пакет мерки.

Собранието ќе расправа за претходниот пакет мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Во Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, за кој ќе расправа Собранието, се вметнати претходните предлози на Комисијата – задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22:00 часот, максимум четворица гости дома.
Министерот Филипче најави дека доколку овие мерки не се почитуваат и не се постигне саканиот резултат, ќе следува ограничување на движењето, односно полициски час.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари