Владата ги прифати препорачаните мерки од Комисијата за заразни болести

- Македонија
477

Владата ги прифати новите препорачани мерки од Комисијата за заразни болести. Угостителските објекти од петок (18-ти декември)   до 21-ви јануари ќе работат до 18 :00 часот.

Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;
 Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;
Забрането е и  групирање во станови за престојните празници,
На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.
На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари