Владата го утврди стартот на работите на неколку автопатните правци, меѓу нив и Требеништа – Струга – Ќафасан

- Македонија
444

На 55-тa седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за одржаната втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, на којашто е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола).

Почетокот на работите на овие автопатни правци е предвиден за август и септември оваа година.

Facebook Коментари