Во четврток Менса Македонија организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција
По повод јубилејот 26 години од основањето, Менса Македонија организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови, тестирањето ќе се изврши на 04.12.2025 (четврток), во 18:30 часот, на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии – Руѓер Бошковиќ 18, Скопје.
Кандидатите е потребно да имаат полни 16 години, да уплатат 600 денари на:примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
– да понесат документ за лична идентификација на самото тестирање, од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и претходно да не се тестирале повеќе од два пати.
Пријавувањето се одвива на линкот:
https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 03.12.2025.
https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36
каде треба да прикачите и доказ за извршена уплата, заклучно со 03.12.2025.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица, сите крводарители, ученици и студенти имаат 50% попуст, односно треба да уплатат 300 МКД.
Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®, информираат организаторите.
StrugaOnline

