Во дел од маркетите денеска нема бел и полубел леб со што пекарите во пракса ја спороведоа најавата дека нема да произведуваат леб доколку Владата донесе одлука за замрзнување на цената на 33 денари за леб од 450 грама.
Одлуката да се замрзне цената на лебот беше донесена вчера на владина седница, а се укинува и повластената цена на електрична енергија за прехранбената индустрија.
Владата одлучи да ја замрзне цената откако анализите на Министерството за економија и инспекциските служби покажаа дека има злоупотреби.
Facebook Коментари