Во Македонија отворени телефонски линии за донации за помош на населението во Хрватска

- Македонија
559
Со цел да се обезбеди солидарна поддршка на граѓаните и компаниите на Република Северна Македонија за погоденото население од земјотресот во Република Хрватска, Црвениот крст на РСМ објави Апел за мобилизирање на финансиска помош за настраданото население. Хуманитарната акција ќе трае до крајот на месец јануари 2021 година.
Средства може да се донираат на телефонските броеви за донации. Со еден повик на телефонските броеви донирате 100 денари за хуманитарна помош на настраданото население во Р. Хрватска:
За корисниците на Македонски Телеком 070 143 400
За корисниците на А1 Македонија 075 143 400
Заинтересираните лица, компании и институции може да донираат финансиски средства преку жиро сметката на Фондот за Солидарност на Црвен крст на РСМ:
Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија
Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална Банка
Граѓани од други земји може да донираат на:
Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban code: MK07300701000001228
Црвениот крст на Република Северна Македонија упати телеграма со сочувство и оствари контакт со Хрватскиот Црвен крст околу проценка на состојбите и обезбедување на хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата. Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население.
Strugaonline

Facebook Коментари