Во Македонија пристигнаа 500.000 дози вакцини од кинески „Синовак“
Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот „Синовак“ слета утрово на скопскиот аеродром, објави министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите, потенцира министерот.

