Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до утре, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од петок.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.11.2021 година (петок);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2021 година (понеделник);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2021 година (вторник); и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2021 година (среда).
Пензионерите, пак, кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите можат да располагаат веќе од 26-ти ноември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Strugaonline
Facebook Коментари