Во септември ќе се одржи фотографскиот натпревар ,,Вики ги сака спомениците“, пријавувањето е во тек

- Македонија
530

Споделено знаење, кое е огранок на светската фондација Викимедија и кое се занимава со Википедија на македонски јазик и нејзините сестрински проекти, ќе одржи фотографски натпревар насловен „Вики ги сака спомениците 2021“.  Се работи за фотографии од градби (куќи, манастири, цркви, џамии, археолошки наоѓалишта, споменици, јавни и општествени градби, и останати места) кои се заведени како културно наследство на Македонија. Сликите откако ќе бидат закачени од самите учесници, истите потоа ќе бидат искористени на статии на Википедија, на останатите проекти на Викимедија, како и на други слободни проекти. Овој натпревар ќе биде третото издание на,,Вики ги сака спомениците’, по изданијата во 2014 и 2015 година. Учесниците ќе имаат можност да опфатат околу 700 градби ширум Македонија, кои се заведени како културно наследство.

Натпреварот е од награден карактер и наградите се:
  • Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
  • Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Четврта награда за најмногу фотографирани градби – денарска противвредност од бруто 300 евра

Начин и правила за пријавување можете да најдете на следниов ЛИНК 

Strugaonline

Facebook Коментари