Време: Денеска облачно со дожд од утре сончево и потопло

- Македонија
607

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, особено вдолж. Повардарието. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 16 степени. Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и ветровито, а температурата ќе биде во константен пораст, во среда се очекуваат максимални 17, во четврток 19, а во петок 21 степен.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари