Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне во северозападните делови. Ќе дува умерен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 18 степени. Од утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег. Од УХМР информираат дека уште утре претпладне на некои места ќе се формира снежна покривка, а ќе има услови и за замрзнат дожд. Се очекува значаен пад на температурите.
Извор: УХМР
Facebook Коментари