Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни врнежи. УВ индексот ќе има вредност 6, а дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 25 степени. Стабилизација на времето се очекува од петок, за време на викендот ќе имаме високи температури кои се над просекот за овој период од годината. Во сабота на одредени места се очекуваат максимални 31 степен.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари