Време: Денеска облачно со дожд, за викенд пролет

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен западен и северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 17 степени. Облачноста ќе започне да се намалува од петок попладне и ќе претстои пролетен викенд, максималната температура во недела на места ќе достигне до 22 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline

