Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и студено време со сончеви периоди. Утрото ќе биде најстудено, со температури на повеќе места под -10 степени. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2 степени. Во петок ќе преовладува облачно врме со врнежи од дожд, на места ќе има услови и за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Утринските температури ќе се движат од -5 до 1, а дневните од 2 до 6 степени. За време на викендот се очекува зголемување на температурите
Извор: УХМР
Facebook Коментари