Време: Денеска променливо облачно со дожд, за викенд сончево со умерена облачност

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има зголемување на облачноста, така што во текот на ноќта ќе има локален дожд особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 степени. За време на викендот ќе преовладува претежно сончево време со умерена облачност, студени утра, а преку денот потопло. Во сабота максималната температура ќе го достигне 17-от, а во недела 19-от степен.
Извор: УХМР

