Време- Денеска променливо облачно, од утре сончево и потопло

- Македонија
495

Денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени. Утре ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари