Време-Денеска сончево со мала до умерена облачност, од утре промена

- Македонија
373

Сончево со мала до умерена облачност која во текот на денот ќе се зголемува, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 16 степени.

Утре претежно облачно и постудено со локален дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари