Време: Денеска сончево и студено, од викендов температурите ќе растат

- Македонија
870

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од -4 до 7 степени. Во сабота ќе преовладува променливо облачно време, а во северните делови од земјава и на планините ќе провејува повремен снег. Постепен раст на температурите ќе имаме почнувајќи од викендов, а во понеделник максималната дневна температура ќе го достигне 14-от степен.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари