Време: Денеска сончево и топло, од понеделник дожд и пад на температурите

- Македонија
820

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд и со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени. Променливо облачно и релативно топло време со максимални 26 степени е најавено за во недела кога во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен дожд.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари