Време: Денеска сончево со умерена облачност, во текот на викендот со врнежи од дожд

- Македонија
862

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб ветер од југозападен правец. По одделни котлини со појава на утринска магла. Во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени. Во текот на викендот ќе преовладува променливо облачно време  со врнежи од дожд и слаб до умерен југоисточен ветер. Во сабота максималната температура ќе го достигне 14-от, а во недела 18-от степен.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари