Време- Доаѓа циклонот „Роберт“ во попладневните часови дожд и грмежи

- Македонија
624

Од денеска нашата територија ќе подпадне под влијание на циклонот „Роберт“ па така особено во попладневните часови и тоа претежно во западните и во северните предели од државава ќе има повремени врнежи од дожд каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден но со тоа што поради загреаната атмосфера локално ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени. Посвежо ќе биде особено на север и на северозапад. За време на овој циклон локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Инаку РОБЕРТ ќе го опрафи најголемиот дел од Балканот секако вклучувајќи ја и нашата држава па така не се исклучува можноста поради локално интензивните врнежи да дојде и до локални поплавувања. во Струга и околината од попладневните часови па натаму ќе има услови за повремени врнежи од дожд, не се исклучува можноста и за нестабилност проследена со грмежи додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари