Време- Наутро услови за дожд, попладне облачно со сончеви периоди

- Македонија
443

Наутро ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 23 степени. Утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари