Време-Облачно и посвежо со врнежи од дожд

- Македонија
357

Денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места. Од пладне ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со врнежи претежно од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови каде ќе досигнува брзина и над 65 км/час. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари