Денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови (над 20 л/м2) и проследени со засилен јужен ветер. Во попладневните часови врнежите постепено ќе престануваат. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 16 степени.
Утре наутро по некаде во котлините ќе има појава на магла. Преку денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 21 степен.
Извор: УХМР
Facebook Коментари