Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари