Време- Облачно и студено со врнежи од дожд

- Македонија
556

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

 

Facebook Коментари