Време: Облачно и студено со врнежи од снег

- Македонија
657

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од снег особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието па ќе има услови за појава на навеви од снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -1 до 1 степен.  Утре ќе преовладува променливо облачно и студено време, во источните делови со локални врнежи од снег . Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од -6 до 0 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари