Лев банер Десен банер

Време- Облачно и студено со врнежи од снег

Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови, особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови таа ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието. Дневната температура ќе се движи во интервал од -10 до 1 степен. Утре ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, пообилни претпладне во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од -8 до 0 степени.

Извор: УХМР

 

error: